17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМагдевски ќе тренира со Партизан, а ќе игра за ОКК Београд

Магдевски ќе тренира со Партизан, а ќе игра за ОКК Београд

магде

Плејмејкерот на белградски Партизан, македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски, во наредниот период на двојна регистрација ќе настапува во тимот на ОКК Београд.

„Магдевски ќе игра со двојна лиценца, ние и ОКК Београд ја искорситивме таа можност. Тој е играч на Партизан, кој ќе тренира со нас, а ќе настапува за ОКК Београд“, изјавил пред дербито со Црвена ѕвезда тренерот на Партизан, Александар Џикиќ.

Инаку, Магдевски веќе дебитираше за ОКК Београд, на мечот со Војводина (75:81) тој имаше учинок од 19 поени и шест асистенции.

Магдевски ја има минато младинската школа на Партизан, потоа една година мина во јуниорскиот состав на Реал Мадрид, во сениорската кариера ја започна во Уникаха.

На почетокот на сезоната се врати во Партизан, на 11 натпревари постигнувал просечно по 2,3 поени за 10 минути минати на теренот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП