18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го преживеа Симон, Федерер убедлив против Гофан

Ѓоковиќ го преживеа Симон, Федерер убедлив против Гофан

гјооо

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се доближија до меѓусебното соочување на Австралија Опен, откако славеа во осминафиналните мечеви. Ѓоковиќ го преживеа Жил Симон и во пет сета мина во четвртфиналето, додека Федерер го збриша Давид Гофан.

Новак Ѓоковиќ, против Жил Симон, одигра еден од најлошите свои мечеви во последните пет години, но по четири ипол часа успеа да слави со 3:2 (6:3, 6:7, 6:4, 4:6, 6:3).

Српскиот тенисер направи неверојатно 100 неизнудени грешки, имаше 62 директни поени и што е некарактеристично за него, искористи само шест од 25-те шанси за брејк. Во минуси беше и Симон, тој забележа 32 винери и 68 неизнудени грешки.

Првиот носител избори пласман во своето 27-мо последовно Грен слем четврфинале, а таму го чека Кеи Нишикори.

Јапонецот неочекувано лесно славеше над Жо-Волфред Цонга во три сета 6:4, 6:2, 6:4.

Третиот носител на турнирот Роџер Федерер на теренот мина 128 минути и забележа победа над Давид Гофан 6:2, 6:1, 6:4. Швајцарецот забележа 39 винери и 20 неизнудени грешки, додека тој однос кај Гофан беше 17/23.

Противник на Федерер во четвртфиналето ќе му биде Томаш Бердих, кој како и Ѓоковиќ мораше да игра пет сета во осминафиналето.

Чешкиот тенисер го совлада Шпанецот Роберто Баутиста-Агут 4:6, 6:4, 6:3, 1:6, 6:3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП