Фудбалерите на Спортинг со убедлива победа над Реал Сосиедад (5:1), го отворија 21.коло во шпанската Примера. Мечот во Хихон го обележа Санабрија кој постигна ‘хет трик’.
Спортинг фуриозно влезе во мечот и по девет минути игра со головите на Кармона и Нди. Карлос Вела успеа да го намали резултатот во 37.минута, но само седум минути подоцна Санрабија со својот прв гол на мечот ја врати предноста од два гола на Спортинг.
Истиот играч го постигна четвртиот гол за Спортинг во 53.минута, а ‘хет трикот’ го комплетира во 81.минута.
Спортинг ја забележа петтата победа во сезоната и успеа да избега од опасната зона и да се искачи на 17-то место на табелата, додека Сосиедад е 13-ти со три бода повеќе.