20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКливленд го отпушти Дејвид Блат

Кливленд го отпушти Дејвид Блат

blat 33

Дејвид Блат доби отказ во Кливленд Кавалирс, а на функцијата ќе го замени досегашниот асистент Тајрон Лу.

Блат си заминува од Кливленд по 18 месеци работа во овој клуб, во кој дојде по освоената титула во Евролигата со тимот на Макаби.

Минатата сезона Кливленд ја освои титулата во Источната конференција, но го загуби големото финале од Голден Стејт, а во тековната Кавалирс се лидери на Истокот со 30 победи и 11 порази.

Како тренер на Кливленд, Блат забележал 83 победи и 40 порази.

И покрај солидните резултати, Блат не успеа да воспостави добра атмосфера во соблекувалната на Кливленд, а според медиумите никогаш не успеал да воспостави добра комуникација со лидерот во тимот Леброн Џејмс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП