3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска 2016: Русија подари бод, Германија ја декласира Унгарија

Полска 2016: Русија подари бод, Германија ја декласира Унгарија

rus-sve

Две средби во Групата 2 се одиграа во петокот на Европското првенство во ракомет. Германија ја декласира Унгарија 29:19, а Русија и подари бод на Шведска 28:28.

Германија со импресивна игра забележа убедлива победа над Унгарија. Германците уште од самиот почеток наметнаа жесток ритам кој Унгарците не можеа да го следат, го отвирија мечот со 3:0, а потоа само ја зголемуваа предноста 17:9 на полувреме, а на крајот 29:19.

Виде со шест и Рајхман со пет голови ја предводеа Германија до победата и до четвртиот бод во Групата 1.

Русија и Шведска одиграа интересен дуел, во кој ниту една селекција не успеа да создаде предност поголема од три гола.

Швеѓаните во финишот на првиот дел имаа три гола предност (13:10 и 14:11), во во последните три минути Русите се вратија во мечот (15:15).

Гол за гол се играше и во вториот дел, кога Русија успеа да создаде предност од два гола и во последните две минути од мечот да влезе со резултат 28:26 и играч повеќе. Наместо Русите рутински да го завршат натпреварот, одиграа два пати почетнички во нападот со што им дозволија на Швеѓаните да постигнат два гола и да освојат еден бод.

Јакобсон ја предводеше Шведска со девет голови, шест од нив во првото полувреме, додека кај Русија најефикасен беше Дибиров со седум голови. Останатите двајца Руси кои го носат дресот на Вардар, Горбок и Шишкарев постигнаа по три гола.

Во сабота на ЕП ќе се одиграат две средби во Групата 1, Фрнација-Хрватска (18:15 ч), односно Полска-Норвешка (20:30 ч).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП