3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ преку Сепи до четвртото коло на АО

Ѓоковиќ преку Сепи до четвртото коло на АО

Novak Djokovic of Serbia reacts after winning a point against Quentin Halys of France during their second round match at the Australian Open tennis championships in Melbourne, Australia, Wednesday, Jan. 20, 2016.(AP Photo/Vincent Thian)

Новак Ѓоковиќ одигра лош меч, но без загубен сет избори пласман пласман во четвртото коло на Австралија Опен. Првиот носител, во третото коло, за нешто повеќе од два часа игра славеше над Андреас Сепи со 6:1, 7:5, 7:6.

Петкратниот победник на овој Грен слем, во мечот со италијанскиот тенисер, покажа две различни лица. Одигра беспрекорен прв сет во кој декласира противникот, а потоа во вториот и третиот сет му дозволи на Сепи да ја диктира играта. Ѓоковиќ против Сепи најмногу проблеми имаше со своите две најсилни оружја, ритерните и бекхендот.

Иако во вториот сет Италијанецот прв имаше брејк топка (во шестиот гем), сепак Ѓоковиќ успеа да се извлече и клучниот брејк да го направи во 11-от гем.

Во третиот сет го решаваше тајбрејкот, во кој Ѓоковиќ стигна до предност од 4:2, потоа со серија на грешки му дозоволи на противникот да освои четири поени и да стигне до две сет топки, но српскиот играч најпрвин ги спаси сет топките, а потоа освои уште два поени за победа во овој меч.

Ѓоковиќ мечот го заврши со 34 директни поени и 37 неизнудени грешки, додека Сепи на крајот имаше 29 директни поени и 36 неизнудени грешки.

Противник на Ѓоковиќ во четвртото коло ќе му биде Жил Симон кој во три сета славеше над Аргентинецот Федерик Делбонис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП