17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоелман го реши кошаркарското Ел Класико

Доелман го реши кошаркарското Ел Класико

doel

Четири натпревари го отворија четвртото коло во Топ 16 фазата, во кошаркарската Евролига. Најпривлечниот меч се одигра во Мадрид, каде во кошаркарското Ел Класико, Барселона со поените на Џастин Доелман славеше над Реал со 87:86.

Реал целосно го контролираше мечот во првото полувреме, кое го заврши со предност од 11 поени. Барселона успеа да се врати во мечот во третиот период, а во последната минута тимовите константно го менуваа водството.

Последните осум секунди го донесоа расплетот, најпрвин Фелипе Рејес погоди едно од вете слободни фрлања за 86:85, а потоа буквало со звукот на сирената Доелман поентираше од многу тешка позиција за триумф на Барселона.

Американецот во редовите на Барселона одигра брилијантен меч, постигна 24 поени (6/6 за три), а покрај него кај Каталонците двоцифрени беа уште Перпероглу со 13, Наваро со 12 и Лавал со 10 поени. Серхио Родригез беше најдобриот играч на Реал со учинок од 18 поени и 13 асистенции.

Во второто дерби во Ф групата, Лаборал Куча славеше против ЦСКА Москва со 81:71. Мечот го обелеќа исклучувањето на Теодосиќ, кој на 30 секунди до крајот влезе во вербална расправија со еден од судиите.

Бурусис со двоен ефект од 19 поени и 11 скокови ја предводеше баскиската екипа до победата, додека на спротивната страна Теодосиќ имаше учинок од 18 поени и седум асистенции.

Две средби беа одиграни и во Е групата. Локомотив Кубан го совлада Панатинаикос со 76:67, додека Цедевита славеше над Анадолу Ефес со 84:80.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП