ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрна Гора преку Унгарија до финалето на ЕП во ватерполо

Црна Гора преку Унгарија до финалето на ЕП во ватерполо

vatpat

Ватерполо репрезентацијата на Црна Гора ќе игра против Србија во финалето на Европското првенство, откако во полуфиналето ја совлада Унгарија со 8:5 (22:2, 2:1, 1:1, 3:1). Црна Гора со пласманот во финалето избори и директен пласман на Олимписките игри.

Црна Гора и Унгарија водеа вистинска борба во првите три четвртини, во кои блескаа голманите на двете репрезентации.

Унгарија имаше предност од 2:3, но Црна Гора со два гола го презеде водството и тој момент беше клучен на мечот. Во последната четвртина Црногорците имаа и повеќе сила и повеќе концентрација и заслужено се пласираа во финалето.

Ивовиќ и Јановиќ постигнаа по два гола за Црна Гора, исто колку што реализираа на спротивната страна Денеш Варга и Махерж.

Финалниот меч на програмата е во сабота од 17:45 часот, а претходно од 16:15 часот за бронзениот медал ќе се борат Грција и Унгарија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП