Аргентинскиот репрезентативец во дресот на Барселона Хавиер Маскерано осуден е во четврток на затворска казна од една година поради затајување на данок, но казната нема да ја отслужи бидејќи постигна договор со шпанските власти.

Аргентинецот во 2011 и 2012 година затаи еден ипол милион евра, на судот ја призна вината и пресудена му е една година затвор.
Сепак, фудбалер избегна казна со оглед дека успеа да се договори со даночните власти да помине само со парична казна од 815.000 евра. Маскерано го плати и долгот од 1,5 милиони евра плус 200 илјади евра камата.
„Постигнав спогодба со даночниците и случајот за мене е завршен. Јас сум спортист и не знам ништо за даноците и за правните работи, па се потпирав на луѓе, кои очигледно погрешно ме советуваа“, рече Маскерано, кој е трет фудбалер на Барселона, покрај Меси и Нејмар, обвинет за затајување на данок.