19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска 2016: Франција ја декласира Белорусија

Полска 2016: Франција ја декласира Белорусија

fran-polska

Ракометарите на Франција со убедлива победа стартуваа во втората фаза на 12-то Европско првенство. Бранителите на титулата, во првиот меч во Групата 1, ја декласираа Белорусија со 34:23 (20:5).

Француските ракометари максимално мотивирани и со полна концентрација влегоа во натпреварот против Белорусите, кои очигледно беа импресионирани од името на противникот и во првото полувреме делуваа како прв пат да играат заедно.

Белорусите делуваа изгубено против агресивната и длабока 5-1 зона на Французите, кои предводени од Карабатиќ немилосрдно го полнеа голот на противникот.

Фрнација во првите 13 минути постигна 10, а прими четири гола, а во наредните 17 минути прими само еден гол, а повторно постигна десет.

Карабатиќ блескаше со девет голови од исто толку обиди, а Омјер веројатно никогаш полесно во кариерата не стигнал до 10 одбрани во 30 минути, бидејќи белоруските бекови кои беа загубени на теренот, најчесто шутираа од неизградени позиции.

Поголем резил на Белорусија во првиот дел спречи младиот голман Салдасенка кој одбрани осум удари и кој беше единствената светла точка во оваа репрезентација.

Во второто полувреме Франција играше со резервната постава, што Белорусија го искористи и го поправи гол учинокот. Во вториот дел кај Франција се истакнаа голманот Жерар со девет интервенции и бекот Деро кој од осум обиди постигна пет голови.

Франција во второто коло, на 23.јануари, ќе игра против Хрватска, додека Белорусија два дена подоцна за противник ќе ја има Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП