18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе за новата Li-Fi технологија

Се за новата Li-Fi технологија

li-fi tehnologija3 3

Новата безжична технологија наречена „Li-Fi“, привлекува сериозно внимание кај експертите и производителите на паметни телефони, откако за прв пат беше претставена од естонски научници.

Меѓу главните причини е фактот дека со оваа технологија се постигнува брзина за пренос на податоци од 1 GB во секунда, или 100 пати побрзо од просечната брзина на раширената во моментов „Wi-Fi“ технологија.

Во исто време научниците од стартапот „Velmenni“ покажаа уред опремено со оваа технологија со името „Jugnu“ што може да пренесе податоци со помош на видливата светлина. Во основата на новата технологија стои комуникацијата преку пренос на податоци од видлива светлина, одамна предмет на проучување од научниците. За преносот на податоци се користи светлина во спектар помеѓу 400 и 800 терахерци.

Технологијата е измислена од Харалд Хас од Универзитетот во Единбург, кој во 2011-та година покажа како може да емитува повеќе информации од традиционалните мобилни клетки со помош на користење на „LED“ светло. Од тогаш наваму оваа технологија во сè поголема мера го привлекува вниманието на стручњаците.

Таа има многу предности во однос на „Wi-Fi“, но има и неколку основни недостатоци. На прво место, таа едвај ќе стане масовна поради потенцијалното сериозно „загадување“ со светлина, кое го предизвикува. Друг значаен недостаток е тоа што за разлика од безжичната технологија, која доминира во моментов, оваа технологија не може да работи во услови на сончева светлина, а и очигледно да минува низ ѕидови (поради неможност светлината да го прави тоа).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП