21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал ја криел вистината, Бејл е платен над 100 милиони евра

Реал ја криел вистината, Бејл е платен над 100 милиони евра

bale 3333

Football Leaks, страница која е специјализирана за објавување на детали од тајните клаузули во договорите на професионалните фудбалери, ги разоткрива деталите од трансферот на Герет Бејл од Тотенхем во Реал Мадрид.

Реал и Тотенхем на 31-ви август го договорија трасферот на Бејл за како што објави ‘кралскиот клуб’ сума од 91 милиони евра, но Football Leaks открива дека Реал платил речиси 11 милиони евра повеќе, односно дека трансферот ја надминал сумата од 100 милиони евра.

Договорот кој има шест страни е потпишан од страна на претседателот на Тотенхем, Даниел Леви и главниот менаџер на Реал, Хорхе Санчез.

Според членот 15 од договорот Реал објави во јавноста дека Бејл е платен 91,589,842 евра. Овој член предвидува дека само Реал може да ја објави вистинската сума која ја добил Тотенхем за својот играч.

Тотенхем на Реал му понудил неколку начини за плаќање на обештетувањето: Реал веднаш да плати 87 милиони евра, или да го отплаќа трансферот во повеќе рати. Од ‘кралскиот клуб’ ја одбрале втората варијанта и поради тоа целиот трансфер изнесува 100,8 милиони евра.

Реал обештетувањето за Бејл го плаќа во четири рати – првите три кои изнесуваат  24,9 милиони евра веќе ги платил и една од 21,2 милиони евра која сè уште не е уплатена.

Договорот содржи уште неколку интересни членови, како членот 16 кој му забранува на Бејл негативно да говори за Тотенхем, играчите на овој клуб, претседателот или било кој друг кој е вработен во клубот од северен Лондон.

Членот 10 открива дека првиот човек на Тотенхем добро се заштитил од евентуалната продажба на Бејл на некој од англиските клубови. Имено доколку Бејл реши да се врати во Премиерлигата, тоа да биде во клубот од којшто замина во Реал. Исто така Реал е должен да го извести Тотенхем доколку некој англиски клуб испрати конкретна понуда за Бејл.

Тотенхем има право прв да го откупи договорт на Бејл, доколку во рок од 72 часа понуди иста сума на пари, како и заинтересираниот клуб од Англија.

Тотенхем правото на откуп на договорот на Бејл го задржува до 30-ти јуни 2019 година, со напомена дека тој не важи доколку понуда испрати неанглиски клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП