Бразилскиот фудбалер, Алесандре Пато, како што објави ESPN, е нов играч на Премиерлигашот Челзи. Според истиот извор, Пато со Челзи ќе потпише тригодишен договор.
Бразилецот неколку месеци се поврзуваше со трансфер во Челзи, особено откако на сите им стана јасно дека клубот погреши кога го донесе Радамел Фалкао.
Трансферот изнесува помеѓу осум и 10 милиони фунти, а неговиот сега веќе поранешен клуб Коринтијанс ќе добие 60 отсто од парите.
Пато, еден од најголемите таленти на светскиот фудбал, на 17-годишна возраст пристигна во Европа, кога потпиша договор со Милан. Во Италија тој остана до 2012 година, кога поради многубројните повреди реши да се врати во Бразил.
Во кариерата Пато има настапувано уште за Интернасионал од Порто Алегре и Сао Паоло. За бразилската репрезентација има одиграно 27 натпревари и постигнато десет голови.