17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛејтон Хјуит замина во пензија

Лејтон Хјуит замина во пензија

87827923_lleyton_hewitt2

Легендарниот австралиски тенисер Лејтон Хјут стави крај на 18-годишната кариера. Хјуит кариерата ја заврши на својот омилен турнир, Австралија Опен, со поразот во второто коло од Шпанецот Давид Ферер 2:6, 4:6, 4:6.

Популарниот „Расти“ е вистинска легенда на светскиот тенис, освојувач на две Грен слем титули и според многумина најдобриот австралиски тенисер на сите времиња.

„Сакам на сите да ви се заблагодарам. Последната година беше многу тешка, сите ме прашуваа како се чувствувам и мислам дека не постои подобро место од ова за да ја завршам кариерата. Имав многу успеси на овој терен и поради тоа сум благодарен што тука сé ќе заврши. Никогаш ништо не оставив во соблекувалната, секогаш давав 100 отсто од себе и поради тоа сум исклучително горд“, рече Хјуит на  „Род Лејвер“ арена, во друштво на споругата Бек и трите деца.

Иако најмногу го сакаше Австралија Опен, Хјуит немаше среќа да го подигне трофејот на овој турнир. Најголемата шанса ја имаше во 2005 година кога во финалето загуби од Марат Сафин.

„Расти“, во кариерата иам две Грен слем титули – УС Опен во 2001 и Вимблдон во 2002 година.

Хјуит во кариерата победил на 30 турнири, а 2001 му е најуспешна година во кариерата, успеал да освои шест титули и да се искачи на првото место на АТП листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП