18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Драмонд промаши 23 слободни фрлања

НБА: Драмонд промаши 23 слободни фрлања

622_55fb3628-6586-3016-839a-ca3c6d36b730

Кошаркарот на Детроит Пистонс, Андре Драмонд, во ноќта помеѓу средата и четвртокот, успеа да сруши негативен рекорд во лигата стар 49 години. На мечот во Хјустон, кој Детроит го доби со 123:114, Драмонд промаши 23 слободни фрлања.

Легендарниот Вилт Чембрлен во 1967 година успеал да промаши 22 слободни фрлања на еден натпревар, а тој негативен рекорд успеа по речиси половина век да го надмине Драмонд.

Центарот на Детроит на натпреварот со Хјустон 36 пати застанал на линијата за слободни фрлања, а успеал да постигне само 13 поени.

Инаку повеќе слободни фрлања на еден натпревар од Драмонд шутирал само Двајт Хауард, вкупно 39.

Андре Драмонд сезонава се промовира во еден од најдобрите високи кошаркари во НБА лигата, во просек на 42-та натпревари тој бележи ‘дабл дабл’ од 17,6 поени и 15,4 скокови.

Екипата на Детроит во моментов се наоѓа на шестото место во Источната конференција со скор од 23 победи и 19 порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП