11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ15-ти квартал по ред IBM бележи пад на продажбата

15-ти квартал по ред IBM бележи пад на продажбата

ibm 242

Продажбата на „IBM“ забележа намалување во 15-иот последователен квартал, информира „CNN Money“.

Само пред еден ден од компанијата го најавија дека падот во четвртиот квартал од 8,5 отсто во однос на истиот период една година порано. Пред повеќе од една година „IBM“ предвидуваше дека профитот по акција за 2015-та година ќе биде околу 20 долари, но таа не надминува 14.92 долари.

Ситуацијата сепак може да стане и полоша. Прогнозата на 104-годишната компанија за оваа година е за заработка по акција од 13,50 долари, а очекувањата на аналитичарите од Волстрит е за профит од 15 долари по акција. Добрата вест за компанијата се сè поголемите продажби на облак услугите, така што за 2015-та година тие изнесуваат 10,2 милијарди долари, или 26% повеќе во однос на претходната година.

Дали сепак инвеститорите ќе пројават трпение во 2016-та година или ќе излезат од компанијата?

Само од почетокот на 2016-та година акциите на „IBM“ имаат изгубено 7%, додека за 2015-та и 2014-та година намалувањето е од 15 и 13%. Како што знаеме, еден од најголемите инвеститори во „IBM“ е Ворен Бафет, кој во третиот квартал на 2015-та година дури го зголеми уделот во компанијата. Така денес инвестиција му е веќе над 10 милијарди долари, што ја прави „IBM“ четвртата најголема во неговото портфолио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП