Шпанија и Данска ги освоија првите места во групите Ц и Д, покрај нив пласман во наредната рунда изборија Германија, Шведска (Б група), односно Русија и Унгарија (Група Д). ЕП го завршија селекциите на Словенија и Црна Гора.
Шпанија со една рутинска игра, во која со 14 одбрани блескаше голманот Де Варгас, славеше над Шведска со 24:22. Во вториот натпревар, во Ц групата, Германија целосно ја надигра Словенија со 25:21.
Данците полесно од очекувањата, во дерби мечот во Д групата, славеа над Унгарија со 30:22, додека Русија со триумфот од 28:21 над Црна Гора ги испрати Црногорците дома.
Во новоформираната Група 2 Данска и Шпанија ќе стартуваат со максимални четири бода, по два имаат Русија и Германија, а без бодови се Шведска и Унгарија.