19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го потврди водородниот кросовер

Mercedes го потврди водородниот кросовер

vodorod mecka 3535

Шефот на одделот за истражување и развој на концернот „Daimler“ – доктор Томас Вебер, откри нови детали за првиот сериски модел на „Mercedes-Benz“ кој ќе се напојува со водороди клетки.

Пред новинарите на автосаемот во Детроит топ-менаџерот потврди дека машината ќе биде изградена врз основа на кросоверот „GLC“, како и дека ќе го добие најдобриот од сите постоечки до моментов агрегати на водородни елементи.

Модификација ќе се нарекува „Mercedes GLC F-Cell“, а ќе се појави во 2017-та година. Таа ќе може да се наполни целосно за 3 минути, а ќе нуди километражата од 600 км. Цената за САД ќе биде околу 75.000 долари.

Во моментов единствениот сериски кросовер на водородни ќелии понуден на пазарот е „Hyundai Tucson Fuel Cell“. Голем број на други производители сепак развиваат слични проекти. „Audi“, на пример, го откри во почетокот на годината својот концепт „h-tron quattro“. Од „Mercedes“ само пред 2 месеци го покажаа водородниот миниван „Vision Tokyo“. Компанијата размислуваше да пушти и слична верзија на „B-Class“, но ваков проект се покажа економски неисплатлив.

Покрај развојот на сериски водороден модел, доктор Вебер потврди и работата на нов електромобил на германската марка. Првиот целосно „зелен“ модел со модуларна структура на „Mercedes-Benz“ ќе биде користена и за идните хибридни и електрични возила на брендот. Овој автомобил ќе може да поминува околу 480 километри, така што ќе се натпреварува со „Tesla Model S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП