8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАО: Ѓоковиќ рутински, Квитова елиминирана

АО: Ѓоковиќ рутински, Квитова елиминирана

gjoko

Бранителот на титулата на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ, со рутинска победа над Квентин Алис 6:1, 6:2, 7:5 избори пласман во третото коло.

Ѓоковиќ против талентираниот француски тинејџер (187-ми на АТП листата), на теренот мина 100 минути. Во наредната рунда петкратниот освојувач на овој Грен слем турнир ќе игра против Италијанецот Андреас Сепи, кој во три сета го елиминира Американецот Денис Кудла.

На женскиот дел од турнирот се случи уште едно големо изненадување, откако во вторникот беше елиминирана втората носителка Симона Халеп, во средата Австралија Опен заврши за шестата фаворитка Петра Квитова од Чешка.

Квитова беше поразена со 4:6, 4:6 од Русинката со Австралијски пасош Дарија Гаврилова по 91 минута игра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП