27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусите го назначија Базаревич за селектор на кошаркарите

Русите го назначија Базаревич за селектор на кошаркарите

bazarevic e3355

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Советскиот Сојуз, Сергеј Базаревич (50) е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Русија.

Базаревич од декември минатата година е тренер во италијанскиот Канту, а во кариерата работел во Динамо Москва, Краснаја Крила и Локомотив Краснодар.

Искусниот стратег на селекторската функција го наследи Евгениј Паушутин, кој на Европското првенство не успеа да ја исполни поставената цел, односно со Русија да се пласира на Олимписките игри.

Русија на Евробаскетот го освои петтото место во Групата А и со скор од една победа и четири порази ги заврши натпреварите во првиот круг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП