19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска 2016: Полска ја надигра Франција

Полска 2016: Полска ја надигра Франција

polska-francija

Полска ја надигра Франција 31:25 и го обезбеди првото место во А групата, на Европското првенство, додека од Б групата, во наредната рунда ќе играат Норвешка, Хрватска и Белорусија.

Полјаците, во дербито, целосно го надиграат актуелниот шампион, забележаа триумф 31:25 и со максимални четири бода ќе патуваат во наредната рунда.

Полска, од стартот наметна пеколно темпо, кое Французите не можеа да го следат, 4:1 беше во третата минута, потоа Полјаците зголемија на 9:4, а на половина од првото полувреме имаа предност од 14:7.

Франција, во последните девет минути од првото полувреме со серија од пет гола се доблиќи на два гола негатива (12:14), но на крајот се испостави дека тоа и беше најдобриот дел од нивната игра на овој меч.

Во второто полувреме Французите не успеаја да направат поголем притисок, па Полјаците без проблеми ја одржуваа предноста од три до шест голови.

Блескаше на голот на Полска Шмал кој одбрани 17 удари, а во нападот се истакнаа Бјелецки со девет голови, а по шест постигнаа Сипржак и Крајевски.  Кај Франција најефикасни беа Абало со пет, односно Мае и Њокас со по четири гола.

Полска со три победи ги заврши натпреварите во А групата, Фрнација е втора, Македонија трета, а Србија последна во групата.

Последното коло во Б групата донесе победи на Норвешка и Хрватска и овие две репрезентации заедно со Белорусија ќе играат во наредната рунда.

Хрватите го декласираа Исланд со 37:28,а прашањето на победникот го решија по само десет минути игра кога резултатот беше 12:2. До крајот Хрватска одигра рутински, а Исланд немаше сили за нешто повеќе.

Мариќ со осум и Штрлек со шест голови се истакнаа кај Хрватска, Карачиќ постигна еден гол, а Циндриќ не влезе во игра.

Норвешка со пресврт во второто полувреме стигна до победата над Белорусија 29:27, откако Белорусите по првиот дел водеа минимално со 12:13.

О’Саливен и Бјорнсен со по пет гола ја предводеа Норвешка, додека Рутенка со девет и Шилович со седум голови беа најефикасни во редовите на Белорусија.

Норвешка е прва во Б групата пред Хрватска, Белорусија и Исланд.

Во новоформираната група, во која ќе вкрстат екипите од А и Б групите Полска и Норвешка ќе стартуваат со по четири бода, Фрнација и Хрватска со два, а Македонија и Белорусија без бодови.

Македонија, првиот меч во втората фаза ќе го одигра в четврток против Хрватска, а потоа ќе игра против Норвешка (25.јануари) и Белорусија (27.јануари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП