19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТумбаковиќ нов селектор на Црна Гора

Тумбаковиќ нов селектор на Црна Гора

tumbakovik

Поранешниот тренер, директор и потпретседател на фудбалскиот клуб Партизан, Љубиша Тумбаковиќ е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора. Тумбаковиќ, во вторникот едногласно ја добил поддршката на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

Тумбаковиќ (63) на селекторската функција ќе го наследи Бранко Брновиќ, кој последен пат ја предводеше селекцијата на Црна Гора во Скопје пред нецели два месеца, кога Македонија убедливо победи со 4:1.

Српскиот тренер беше изборот на првиот човек на црногорскиот фудбал Дејан Савичевиќ. Тој ќе биде четвртиот селектор од осамостојувањето на Црна Гора.

Тумбаковиќ како тренер на Партизан освои шест титули и три Купа во Србија, а во кариерата работел и во АЕК Атина, Ал Наср и Стел (Иран), како и во кинеските клубови Шангдонг и Вухан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП