17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи и Арсенал се „тресат“ од падот на цената на нафтата

Челзи и Арсенал се „тресат“ од падот на цената на нафтата

chelzi-arsenal

Сопствениците на Челзи и Арсенал, во изминатите денови, претрпеа големи финансиски загуби, како последица на падот на цената на нафтата, чија цена првпат по 12 години падна под 30 долари за барел.

Поради падот на центата на нафтата, сопственикот на Челзи Роман Абрамович и вториот најголем акционер во Арсенал Алишер Усманов, заедно загубиле повеќе од 1,7 милијарди долари за само десет дена.

Богатството на Абрамович се проценува на шест милијарди долари, а за десет дена, со падот на цената на нафтата загубил 820 милиони долари, додека Усманов загубила стотина милиони долари повеќе.

Усманов по националност е Узбекистанец, но тој е роден во Русија и со проценето богатство од 14,7 милијарди долари, се смета дека е најбогатиот Рус.

Поради ова англиските медиуми се прашуваат дали финансиските загуби на Абрамович и Усманов ќе влијаат врз конкурентноста на Челзи и Арсенал, пред се во конкурентноста на фудбалскиот пазар.

Абрамович во последните години, најмногу поради воведувањето на финансискиот фер плеј, значително го намали дефицитот во клупските пресметки. Но медиумите во Англија шпекулираат дека Абрамович решил да штеди бидејќи, загубил добар дел од парите поради разводот од сопругата, а втората причина за штедењето е влегувањето на арапските шеици и американските милијардери во англискиот фудбал.

Челзи сепак и понатаму има огромен буџет, но се постувува прашањето како ќе реагира Абрамович доколу центата на нафтата продолжи да паѓа.

Слично прашање се поставува и за Усманов, со една разлика, тој финансиски ‘тежи’ повеќе од двојно од Абрамович, а и не е најголем акционер во Арсенал.

Прашањето кое се наметнува е дали Абрамович и Усманов ќе решат да ги продадат своите акции во Челзи и Арсенал доколку центата на нафтата продолжи да паѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП