22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДавид Бабунски наредните денови ќе потпише договор со Црвена ѕвезда

Давид Бабунски наредните денови ќе потпише договор со Црвена ѕвезда

babunski 008

Давид Бабунски го делат уште само формалности од потпишување на две и пол годишен договор со лидерот во српската Суперлига, Црвена ѕвезда.

„Давид е играч на Црвена ѕвезда, останаа само да се финализираат уште техничките детали од договорот, кој ќе треба да се решат во наредните два-три дена“, изјавил менаџерот на Бабунски, Миломир Чурчиќ за српските медиуми.

Постариот од браќата Бабунски, пред десетина дена спогодбено го раскина договорот со Барселона, што значи дека во Црвена ѕвезда ќе се пресели без обештетување. Според договорот тој во Белград годишно ќе заработува 120.000 евра, односно за неговиот ангажман за две и пол години Црвена ѕвезда ќе издвои 300.000 евра.

Црвена ѕвезда покрај Давид, во своите редови сака да го види и помладиот брат Дориан, а тој трансфер најверојатно ќе биде завршен во летниот преоден рок, кога тој без обештетување ќе може да се пресели во белградскиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП