Комплетирана е осминафиналната фаза на Европското првенство во ватерполо, чиј домаќин е Србија. Во неделата четвртфинале изборија репрезентациите на Русија, Италија, Унгарија и Грција.
Најмногу неизвеснот имаше на мечот помеѓу Русија и Германија, на кој русите забележаа победа 9:6.
На останатите дуели Италија ја декласира Турција (16:2), Унгарија беше убедлива против Грузија (14:3), а Грција немаше проблеми со Романија (15:9).
Четвртфиналните мечеви ќе се одиграа во понеделник и вторник, програмата ќе ја отворат Шпанија и Грција (18:45), а потоа ќе играат Србија и Русија (20:15), во истите термини во вторник ќе играат Италија и Црна Гора, односно Унгарија и Хрватска.