18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПримера: Убедливи победи на Атлетико, Реал и Барселона

Примера: Убедливи победи на Атлетико, Реал и Барселона

ubedlivi

Водечките три екипи во шпанската Примера (Атлетико, Барселона и Реал), забележаа убедливи победи во рамките на 20.коло, по кое лидер ќе остане Атлетико со 47 бодови, два повеќе и натпревар повеќе од Барселона, додека Реал е трет со 43 бода.

Атлетико, како гостин на Канарските острови, славеше над Лас Палмас со 3:0. Блескаа на овој меч двојниот стрелец Гризман и голманот Облак, кој одбрани неколку добри удари на домашните фудбалери.

Покрај Гризман кој постигна голови во 68. и 89.минута, стрелец беше и Фелипе Луис, кој во 18.минута го постигна првиот гол.

Барселона, со трите гола на Луис Суарез го декласира Атлетик Билбао со 6:0. Мечот на „Ноу Камп“ практично беше решен во четвртата минута, кога голманот на Атлетик, Ираизоз доби директен црвен картон, а Барселона доби пенал кој во гол го претвори Меси.

По Меси меѓу стрелците се запишаа Нејмар и Ракитиќ, а последните три гола ги постигна Луис Суарез.

Висока победа забележаа и фудбалерите на Реал, кои со 5:1 ја совладаа Гранада. Целата неизвесност околу победникот на „Сантијаго Бернабеу“ беше решена за само пет минути, кога од седмата до 12-та минута голови за Реал постигнаа Бејл, Роналдо и Бензема.

До крајот на мечот уште по еден гол постигнаа Роналдо и Брнзема, а честа на гостите ја спаси Лопес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП