27 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска 2016: Франција рутински со Србија, пораз на Хрватска

Полска 2016: Франција рутински со Србија, пораз на Хрватска

polska-srbija

Франција рутински славеше над Србија (36:26) во второто коло, во А групата, на ЕП во ракомет, додека второто коло во Б групата донесе изненадувачки победи на Норвешка над Хрватска (34:31), односно Белорусија над Исланд (39:38).

Актуелниот европски, светски и олимписки шампион репрезентацијата на Франција, рутунски го одбработи мечот со Србија и рутунски стигна до втората победа на ЕП.

Србите имаа приклучок во првото полувреме, кога Франција најчесто водеше со три гола, но во второто полувреме српскиот тим целосно се предаде, а ‘триколорите’ лесно победија. Српските голмани Станиќ и Ѓукановиќ имаа катастрофален ден со само шест интервенции (двајцата по три).

Франција до победата ја предводеше Њокас, кој не играше против Македонија, со осум голови, а два помалку постигна Абало. Кај Србија најпрецизен беше Шешум со седум гола.

Во Б групата по изненадувачките победи на Норвешка над Хрватска (34:31) и Белорусија над Исланд (39:38), сите четири репрезентации имаат по два бода, гол разликата ја крои табелата каде прва е Хрватска пред Норвешка, Исланд и Белорусија.

Бјорнсен со седум и Хансен со шест гола ја предводеа Норвешка до триумф над Хрватска, во чии редови играчите на Вардар Циндриќ и Карачиќ постигнаа два, односно еден гол. Дувњак со осум гола беше најефикасен кај Хрватска.

Пухолски постигна 11, а Рутенка осум гола за Белорусија која славеше над Исланд, во чии редови Петерсон реализираше шест, а Гунарсон пет гола.

Во последното коло во оваа група, во вторник, ќе играат Белорусија-Норвешка и Хрватска-Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП