25 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуни и Де Хеа го освоија „Енфилд“

Руни и Де Хеа го освоија „Енфилд“

man-man

Манчестер Јунајтед славеше во Ливерпул со 1:0, во најголемото дерби на англискиот фудбал, кое на „Енфилд“ се одигра во рамките на 22.коло во Премиерлигата.

Ливерпул во текот на целиот натпревар беше подобар противник, но одличниот Де Хеа успеа да одбрани неколку добри обиди на фудбалерите на ‘црвените’. Нереализираните шанси на Ливерпул, Јунајтед ги казни во 76.минута преку Вејн Руни.

Мата упати центаршут од левата страна, највисок во скокот беше Фелаини, кој од осум метри со глава ја погоди гредата од голот на Ливерпул, но на одбиената топка налета Руни кој со волеј ја смести зад грбот на Мињоле.

Капитенот на Манчетсер Јунајтед со овој гол влезе во историјата на Премиерлигата, тој стана играчот со најмногу постигнати голови за една премиерлигашка екипа. Руни го постигна својот 176 гол за Манчестер Јунајтед и на вечната листа го мина Тиери Анри кој како играч на Арсенал постигнал 175 голови во Премиерлигата.

Манчестер Јунајтед со победата во Ливерпул стигна до 37 бодови и до петтото место на табелата, додека Ливерпул е на деветтото место со 31 бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП