13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДебакл на ЖРК Вардар во Подгорица

Дебакл на ЖРК Вардар во Подгорица

zrk-vardarrrrrr

Ракометарките на актуелниот европски првак Будуќност катастрофално го поразија ЖРК Вардар 31:19 (16:8), во рамките на второто коло во Групата 2, во Лигата на шампионките.

Вардарки, во Подгорица, го одиграа лошо во двата правци, со недоволно концентрација, а анемичноста и неорганизираноста во нивната игра кулминираше во последните 12 минути, кога Будуќност со серија од 8:0, стигна до конечни 31:19.

Блескаше во тимот на европскиот првак голманката Марта Ждериќ со 18 интервенции, од кои девет во првите 17 минути кога Будуќност успеа да се ‘одлепи’ на 8:2. Вардарки во четвртата минута водеа со 1:2, а потоа цели 14 минути не постигнаа гол овозможувајќи им на противничките да стекнат комотна предност.

‘Црвено црните’ со серија од три гола, во периодот од 18. до 20.минута се доближија на 8:5, но во последните 10 минути од првиот дел Будуќност одново го подгина нивото на својата игра, ја врати највисоката предност од шест гола (12:6, 13:7), а во последната минута од првото полувреме со два гола се ‘одлепија’ на осум гола од противничките (16:8).

Мала равнотежа во играта Вардарки востоставија на стартот од второто полувреме, во периодот од 31. до 39.минута постигнаа пет голови и ја намалија предноста на Будуќност на четири гола (17:13).

Четири гола предност домаќинките одржуваа до 45.минута, потоа Вардарки не реализираа два напада за намалување на предноста и откако тоа не им успеа целосно се предадоа.

Следуваа фуриозни последни 12 минути на Будуќност проследени со осум постигнати и ниту еден примен гол за конечни 31:19.

Сокач со пет гола беше најефикасна кај Вардар, додека единствената светла точка во ‘црвено-црниот’ тим Кликовац постигна четири гола. Будуќност до победата го предводеа Цвијиќ со седум , Булатовиќ со шест и Неагу со пет гола.

Играч на мечот беше голманката на Будуќност Ждериќ со 18 одбрани.

Во наредното коло, кое на програмата е на 6.февруари ракометарките на Вардар, во Скопје, ќе го пречекаат тимот на Савехоф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП