28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНегредо погоди од пола терен, реми на Валенсија и Рајо (видео)

Негредо погоди од пола терен, реми на Валенсија и Рајо (видео)

rajo=

Фудбалерите на Валенсија и Рајо Ваљекано одиграа 2:2 (0:1) во првиот меч од неделната програма во Примера. Валенсија нема победа на последните девет натпревари, последен пат триумфираше во Примера на 7.ноември, додека Рајо е во серија од десет натпревари без победа.

На „Местаља“ во Валенсија гостите го постигнаа првиот гол во 15.минута преку Санчез. Спектакуларен гол од половина терен за израмнување на резултатот, постигна Алваро Негредо во 55.минута.

Предноста на Рајо ја врати Љоренте во 69.минута, во 87.минута Алказер постигна регуларен гол, кој судиите го поништија поради офсајд, но истиот играч веќе во наредниот напад ги постави конечните 2:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП