20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал повторно ќе тргне по Де Хеа

Реал повторно ќе тргне по Де Хеа

de-hea

Прва трансфер цел на Реал Мадрид, особено доколку ФИФА ја одбие жалбата на ‘кралскиот клуб’ за забрана на трансфери од една година, ќе биде голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Хеа.

Како што наведува Индепендет, Реал ќе понуди за младиот голман повеќе од 30 милиони евра, колку што понуди во последните часови од летниот преоден рок, кога трансферот пропадна.

Де Хеа, во септември, го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2019, а во првиот дел од сезоната повоторно беше еден од најдобриот играч на ‘црвените ѓаволи’.

Давид Де Хеа има 25 години, кариерата ја започна во Атлетико Мадрид, а од летото 2011 година е член на Манчестер Јунајтед.

Голманот ги има минато сите репрезентативни селекции, а за А селекцијата на Шпанија има одиграно седум натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП