Во последните неколку дена излегоа нови гласини за наследникот на Берни Еклстоун како извршен директор на холдингот CVC, кој ги држи правата за Формула 1. Овој пат станува збор за 51-годишниот Англичанец Џастин Кинг, кој во моментов е извршен директор на синџирот на маркети „Sainsbury’s“, а оваа компанија ја предводи веќе 9 години.
Се очекува 82-годишниот Еклстоун да ја напушти функцијата поради случајот за корупција, што се води против него во Германија.
Кинг е познат како голем љубител на автомобилските спортови. Неговиот син Џордан се натпреварува во трки со автомобили. Минатата сезона беше втор во серијата Формула Рено. А во 2013-та година ќе настапува во европската Формула 3.
Засега Џастин Кинг негира таква информација, тврдејќи дека нема намера да ја напушти неговата моментална функцијата.