6 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 16-17.01.2016

Викенд хороскоп 16-17.01.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не успевате да се навикнете на новонастанатите околности во вашето опкружување. Ве очекува вистинска љубов. Немојте да ја искоцкате. Избегнувајте го никотинот и внимавајте при консумацијата на лекови.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Креативни сте, зголемена ви е желбата да го покажете она што го знаете и тоа ќе ви успее. Зголемена потреба за емотивна стабилност и расчистување на неподмирените љубовни сметки. Можна е повремена срцева аритмија.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Премногу им верувате на лицата кои не ви се блиски. Можете да доживеете непријатност на работа. Со партнерот колку што можете повеќе разговарајте за вас, па и за иднината. Никако не можете да се ослободите од напнатоста која ја чувствувате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ви се препорачува особено внимание при потпишувањето на важни хартии или документи. Комуникацијата ќе биде клучна за воспоставување на емоционална рамнотежа и за факторот на стабилноста во вашиот однос. Добро се чувствувате и тоа ви е сатисфакција.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете брилијантни во разговорите со влијателните лица од кои подоцна ќе имате корист. Оние кои пронашле нов партнер ќе имаат незаборавни моменти, партнерот ќе ги изненади со своето внимание. Ви се препорачува да го посетите вашиот доктор.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Благодарение на поддршката од претпоставениот, ќе напредувате на подобро работно место. Отворете се и ослободете се од стравовите и фрустрациите кои во моментов ве спречуваат на патот кон љубовната среќа. Можни се проблеми со забите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Заинтересирани сте за работа во странство и во моментов ништо друго не ве интересира. Иако ќе бидете презафатени, сепак ќе најдете време и за својот партнер. Можни се стомачни проблеми, избегнувајте тешки и масни јадења.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Тешко се носите со критиките и не сте секогаш реални. Секогаш околу вас се многу заинтересирани лица и можноста да стапите во некоја врска, но на вас постојано нешто ви недостасува. Немате желба да си помогнете на себе си, а не се чувствате добро.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе си олесните на себе си доколку се опуштите малку. Го обливате партнерот со вашето внимание и љубовта, онака како што умеете само вие кога лудо ќе се заљубите, но партнетот знае да го цени тоа и ќе ви возврати на ист начин. Поведете повеќе сметка за вашиот изглед.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Финансиската ситуација е на ваша страна. Вистинско време е да го направите она што отсекогаш сте го сакале. Со своето наизглед несериозно однесување барате и ги вреднувате единствено духовните квалитети, што денес не е лесно да се пронајдат. Посетете офталмолог.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Потребен ви е одмор и веднаш преземете нешто за тоа прашање. Инаку, вашата пребирливост и непредвидливоста сега малку ќе се припитомат. Кога станува збор за здравствената ситуација, таа е непроменета.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Умеете да го привлечете вниманието на некои важни луѓе од вашето деловно опкружување. Ве очекува понуда за нова работа. Ќе уживате во долгите разговори, излегувања или пак кратки излети. Можна е добивка, поради која ќе бидете многу расположени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП