10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИскуството пресуди, Македонија загуби од Франција

Искуството пресуди, Македонија загуби од Франција

mak-fran

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Франција 23:30 (12:12) стартуваше на 12-то Европско првенство, кое во петокот започна во Полска.

Македонските ракометари, против актуелниот европски, светски и олимписки шампион, имаа активен резултат (22:22) се до 51.минута, кога неразбирливо паднаа во играта, му дозволија на противникот за нецели пет минути да направи серија од 4:0 и практично да го реши победникот. Победата на Франција е заслужена, изборена преку огромното искуство и брлијантниот голман Омејер, а од друга страна Македонија не заслужи пораз од седум голови.

Во арената во Краков Македонија одлично му парираше на европскиот првак, во првите 20 минути се играше гол за гол, потоа Франција стекна предност од 9:11, по што следуваше период од седум минути во кои блескаа голманите Борко Ристовски и Тијери Омејер.

До крајот на полувремето Македонија постигна три, а прими еден гол, а ‘виновник’ што избраниците на Ивица Обрван на полувреме немаа предност е ветеранот Омејер, кој во овој период одбрани 50 отсто од ударите кон неговиот гол, односно собра 11 одбрани.

Сличен тек имаше и второто полувреме, Франција со два брзи гола стигна до 12:14, но во 37.минута Македонија израмни (15:15). Нов налет Французите имаа во 44.минута кога прв пат на мечот стигнаа до предност од три гола (17:20).

Македонија на француската експресно одговори со иста мерка, по тај аутот на Обрван Лазаров, Манасков и Георгиевски постигнаа голови и ја вратија неизвесноста во мечот (20:20).

Егал имаше Македонија и во 51.минута (22:22), кога започна да паѓа концентрацијата кај ‘црвено-жолтите’, што искусната француска репрезентација сурово го казни. Во последните девет минути од мечот Македонија постигна само еден гол, а прими осум за конечни 23:30.

Кире Лазаров со девет голови беше најефикасен на мечот, Манасков постигна пет, Георгиевски четири, а Миркуловски два гола. Франција ја предводеа Сораиндо со шест, Порт со пет, односно Гигу и Мае со по четири голови.

Голманската битка ја доби искусниот Омејер кој на крајот имаше 15 одбрани (11 во првото полувреме), додека Борко Ристовски имаше 12 интервенции.

Македонија наредниот меч во А групата ќе го одигра в недела кога противник ќе и биде домаќинот на ЕП, селекцијата на Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП