22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаленсија и Атлетико четврфиналисти во Купот

Валенсија и Атлетико четврфиналисти во Купот

volp

Валенсија и Атлетико Мадрид ја комплетираа листата на екипи кои ќе играат во четвртфиналето, во Купот на Кралот.

Валенсија, која на првиот меч забележа победа од 4:0 против Гранада, во реваншот на гостински терен победи со 3:0. Стрелци за тимот на Гери Невил беа Зариба, Пако Алкасер и Пјати.

Атлетико рутински го одработи реваншот со градскиот ривал Рајо Валекано. Првиот меч заврши со резултат 1:1, а во реваншот на „Винсенте Калдерон“, Атлетико славеше со 3:0. Првиот гол го постигна Кореа, а потоа во последните десет минути два пати меѓу стрелците се запиша Гризман.

Покрај Валенсија и Атлетико Мадрид четвртфиналисти во Купот на Кралот се уште Барселона, Атлетик Билбао, Севилја, Селта, Лас Палмас и Мирандес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП