10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија закажа пријателски натпревар со Бугарија на 29-ти март во Скопје

Македонија закажа пријателски натпревар со Бугарија на 29-ти март во Скопје

mk 330

Македонска фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Бугарија на 29-ти март на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, соопшти Фудбалската федерација на Македонија.

Натпреварот ќе биде седми пријателски меѓу двете селекции. Македонија има две победи, последната во 2013-та година кога со головите на Ибраими и Трајковски славевме со 2:0.

На првиот пријателски дуел во Кочани во 1994-та година беше 0:0, во Софија 1996-та година Македонија загуби со 3:0, во Скопје во 1996-та година беше 1:0 за Македонија, а во 2001-ва и 2006-та година во Софија и Скопје, Бугарија победи со 1:0.

На 23-ти март селекцијата предводена од Игор Ангеловски ќе гостува во Копер на контролен дуел против Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП