3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса рутински до четвртфиналето во Купот на Кралот

Барса рутински до четвртфиналето во Купот на Кралот

barsa-barsa

Барселона го потврди пласманот во четвртфиналето во Купот на Кралот, откако и во реваншот го совлада градскиот ривал Еспањол. Покрај Барселона, четвртфинале во средата изборија и екипите на Атлетик Билбао, Селта и Лас Палмас.

Барселона по убедливиот триумф во првиот натпревар против Еспањол (4:1), рутински славеше над градскиот ривал во реваншот. Во победата од 2:0, двата гола ги постигна Мунир Ел Хадади.

Резултати:

Виљареал-Атлетик Билбао 0:1 (2:3)

Еспањол-Барселона 0:2 (1:4)

Селта-Кадиз 2:0 (3:0)

Лас Палмас-Еибар 3:2 (3:2)

Претходно четвртфинале изборија Мирандес и Севилја, а последните два тима ќе бидат познати по одигрувањето на реваншите помеѓу Гранада и Валнесија (0:4), односно Атлетико Мадрид и Рајо Ваљекано (1:1).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП