2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.01.2016

Дневен хороскоп 13.01.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Вашата околина ја инспирирате со добрата и позитивна енергија, а тоа многу ќе ви се исплати. Љубовната енергија и страст ви носат нови познанства и можни предизвици. Одморени сте и подобро се чувствувате.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Резултатите од упорниот труд и залагањата и понатака изостануваат. Решението е можеби – нова работа. Нерасположени сте поради материјалната ситуација, што, нормално, се одразува на односот со партнерот. Ве оптеретуваат проблеми и нервозни сте.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве окупираат тешки мисли и не отстапувате од тоа. Не морате баш сите работи да ги завршите навремено. Оние кои се во врска ги очекува многу радост, романтика, задоволства, добар провод и креативни достигнувања. Здравјето е постабилно.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Секоја работа која ќе ви се понуди ќе ја извршите со леснотија. Добра финансиска ситуација. Чувствувате добра енергија кога станува збор за односите со партнерот, што ви носи моментално олеснување. Намалете го консумирањето на алкохол.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ви недостасува повеќе храброст за да успеете да ги остварите своите цели. Енергијата која ја добивате од дружењето и блискоста со своите најблиски и најмили ќе ви помогне да ги пребродите сите предизвици. Чувајте се од можни настинки.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете задоволни со резултатите кои ќе ги остварите на работа. Во љубовта ве очекува повраток на загубеното. Изворот на вашата енергија лежи во малите и убави нешта кои ви се случија во изминатиот период. Можни се мали проблеми со белите дробови.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се двоумите дали да ја промените работата. Сепак, ќе уживате во успесите од интелигентно повлечените потези. Завртете се кон себе, слушајте релаксирачка музика и читајте некоја духовна литература. Намалете го консумирањето на слатки.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На непримерен начин се обидувате да дојдете до целта и неадекватно постапувате кога станува збор за некои одлуки. Смирување и подобрување на односите со партнерот ќе се случи само доколку малку попуштите. Можна е повреда во сообраќајот, внимавајте.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Преголемите цели можат да ве одвлечат во погрешна насока, но вие не се откажувате. Ќе доживете несекојдневна љубовна авантура. Можни се проблеми со циркулацијата. Ви се препорачува повеќе движење и активност.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Се карате и имате навистина лоша комуникација со околината. Немојте да заборавите дека времето е пари, па да го трошите на безвредни нешта. Што се однесува на љубовта, секогаш сте подготвени на заведување и љубов. Здравствената состојба е добра.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не успевате да го прикриете своето незадоволство, без оглед колку се трудите. Заедничкото патување со партнерот ќе ви помогне уште подобро да се запознаете. Можни се проблеми со органите за варење.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашата креативност доаѓа до израз. Ќе бидете во можност да успеете во некоја ваша идеја. Окупирани сте со некое лице кое неодамна се појавило во вашиот живот. Нека не ве нервираат ситниците. Можна е главоболка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП