2 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 11.01.2016 до 17.01.2016

Неделен хороскоп – 11.01.2016 до 17.01.2016

nedelen-nedelen-horoskop-zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Вашата нервоза лесно се пренесува и на саканото лице. Станувате пасивно агресивни, што дополнително ги отежнува односите. Можно е да ви е тешко да пронајдете заеднички јазик за било кое прашање.

РАБОТА: Ќе бидете прилично нервозни поради бројните трошоци на кои не им се гледа крајот. На крајот на неделата полека ќе ви се врати вашата борбена енергија, а до тогаш ќе бидете прилично обесхрабрени и нема да знаете што да правите.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со бубрезите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Лесно склопувате нови познанства и навлегувате во опуштена комуникација со лицето кое ви се допаѓа. Не ви е проблем јасно да ги изразите своите желби. Може да се каже дека ќе имате голем успех во заведувањето.

РАБОТА: Вие сте многу опуштени и лесно ги изразувате вшите креативни идеи. Иако, постои голема можност да бидете непријатно изненадени, сепак ќе се снајдете. Ништо не ви паѓа тешко и добро сте расположени.

ЗДРАВЈЕ: Можни се мали проблеми со зголемен шеќер, внимавајте.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Интересни случувања ве очекуваат во текот на целата недела. Имате бројни додворувачи. Можеби меѓу нив се наоѓа и една личност која е премногу нападна за вашиот вкус.

РАБОТА: Ќе бидете многу ефикасни во својата работа, само под услов да не сте под преголем притисок од страна на надредените. Можно е да бидете подложни на лошо расположение и непотребно да се впуштате во конфликти.

ЗДРАВЈЕ: Можен е проблем со мочните канали.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Оваа недела љубовното поле е одлично. Ќе чувствувате пријатни вибрации од сите страни. Вашиот партнер ќе омекне во однос на вас и ќе ви дозволи да ги наметнете вашите желби.

РАБОТА: Во голема мера ќе им бидете посветени на деловните обврски. Ќе се занимавате речиси со сите ситници кои се случуваат на работното место. Вложете максимални напори и ќе дојдете до посакуваната цел.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со репродуктивните органи.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Имате бројни прилики за флерт но не сте ја пронашле личноста која доволно ви одговара. Одговарајте на новите контакти и бидете трпеливи, наскоро ќе се појави некој кој многу ќе ве заинтересира.

РАБОТА: Блиско соработувате со личноста која претставува голем авторитет, што само може да придонесе за ситуацијата која е поволна и неодамна се појавила на деловен план. Сега е вистинското време да научите од примерите кои ги имате во животот.

ЗДРАВЈЕ: Генерално сте витални и со добро здравје.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: На емотивен план сте прилично стабилни во моментов. Комуникацијата со саканото лице е сосема солидна и и двајцата знаете дека можете да се потпрете еден на друг без оглед на околносите во кои се наоѓате.

РАБОТА: Нервоза ви создава комункацијата со деловните соработници кои делуваат пренападно со своите очекувања. Обидете се да ги одделите вашите од нивните обврски. На смирен начин најдете го најдоброто решение.

ЗДРАВЈЕ: Можни се мали проблеми поради стрес.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Од новите познанства некоја личност може да ви остави погрешен впечаток или намерно да ве наведе на некоја заблуда. Оние кои се во врска ќе бидат во паралелна тајна врска, а тоа нема славно да се заврши.

РАБОТА: Поведете сметка за состојбата и не дозволувајте некој со лажни приказни да ве наведе на погрешен пат. Иако сте несигурни, сепак ќе пронајдете сила за расудување што е добро, а што не.

ЗДРАВЈЕ: Мала инфекција во грлото.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, складни и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток.

РАБОТА: На работното место ќе бидете вклучени во голем број на задачи, па тоа ќе ве изнервира премногу бидејќи многу одамна не сте наградени, а постојано ви се зголемува работата. Не му се нафрлајте поради тоа на колегата, почекајте поповолен период за да го побарате заслуженото.

ЗДРАВЈЕ: Пазете се од вируси и бактерии.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство.

РАБОТА: Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со претпоставените ниту со колегите на работа. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Ве советуваме да се воздржите, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни.

ЗДРАВЈЕ: Појава на болки во вратот и грбот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Во емотивниот живот премногу се грижите за неважни ситници и самите себе се оптеретувате. Полни сте со емоции и страсти, но станувате и доста нетрпеливи за вашиот партнер. Додадете повеќе самоконтрола и одлучност на својот карактер.

РАБОТА: Ќе имате желба за работа и успешно ќе ги извршувате работните задачи. Внимавајте сликата која ќе ја прикажувате неделава, може кај некои ваши колеги да предизвика љубомора. Ќе имате многу деловни контакти и разговори и многу од нив ќе бидат успешно завршени.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Ќе бидете пречуствителни и ќе имате голема потреба за љубов меѓутоа не ќе најдете простор сето тоа да го искажете. Оние кои се во брак би можеле да имаат некои брачни проблеми и тоа најверојатно поради вашата отсутност и презафатеноста со деловните обврски.

РАБОТА: На соработниците им е важно да го слушнат вашето мислење, но употребете ги своите професионални манири и дискреција, бидејќи постојат работи за кои не треба јавно да се расправа. Важно е да се определите за посовремената варијанта во работењето бидејќи таа овозможува напредување на професионалната скала.

ЗДРАВЈЕ: Можна е постојана главоболка.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Ќе дојде до интересно познанство со личност која одамна е во ваша близина но никако да ја запознаете малку подобро. Ќе дознаете малку непријатна тајна за некое лице од семејството, немојте веднаш да го напаѓате, помогнете му.

РАБОТА: Комплетната ситуација на работната сцена треба да ја проценувате од различни аспекти, пред да донесете заклучок и конечна одлука за идните потези. Дејствувате многу поттикнувачки на својата околина, но кај вашите соработници постојат значајни разлики во степенот на мотивација и интересирање.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП