23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ ограбен против Сутјеска

МЗТ ограбен против Сутјеска

aba_league_logo1

МЗТ загуби од Сутјеска со 71:75 (18:18, 13:13, 20:20, 20:24), во 19.коло, во регионалната АБА лига.

МЗТ, првиот меч во 2016 година пред домашната публика, го одигра по своите квалитети, но и со таква игра се чини дека судиската тројка (Маричиќ, Нешковиќ, Јураш) му ја одзеде победата на македонскиот првак.

Последниот напад кој го изведе МЗТ, на десет секунди до крајот, преку Стојановски, заврши со поени, но судиите досудија чекори и победата ја однесе екипата од Никшиќ.

Во поразот на МЗТ блескаше Урош Луковиќ со 17 поени и 18 скокови, што му донесе индекс на успешност 36. Двоцифрени во домашниот тим беа уште Протиќ, Стојановски и Марко Луковиќ (сите постигнаа по 13 поени), односно Дреновац кој уфрли 10 кошеви.

МЗТ по 19 одиграни натпревари се наоѓа во групата на пет екипи кои имаат по осум победи и 11 порази.

Во наредното коло ‘металците’ ќе гостуваат кај Цибона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП