21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуските одбојкари изборија пласман на ОИ

Руските одбојкари изборија пласман на ОИ

rusija-oi

Одбојкарите на Русија кои се актуелни олимписки шампиони ќе го бранат златниот медал во Рио де Жанеиро откако на квалификацискиот турнир во Берлин го освоија првото место.

Русите во финалето на европските квалификации со 3:1 (14:25, 25:16, 25:23, 25:21) славеа над континеталниот првак Франција.

Третото место на овој турнир го освои Полска која по голема борба славеше над Германија со 3:2 (20:25, 25:22, 16:25, 28:26, 16:14).

Русија избори пласман на ОИ, а Франција и Полска ќе играат на турнирот на светските квалификации кој ќе се одигра во Јапонија помеѓу 15.мај и 5 јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП