Фудбалерите на Наполи на најдобар начин ги искористија поразите на Интер и Фиорентина и со убедливата победа над Фросиноне се искачија на лидерската позиција во Серија А.
Наполи славеше кај Фросиноне со 5:1 и на половина од првенствената трка е лидер со два бода повеќе од Интер. Последен пат кога Наполи бил есенски првак, во сезоната 1989/90 со Марадона во тимот, на крајот и ја освоил титулата.
Наполитанците експресно го решија Фросиноне, два гола во првиот дел постигнаа Раул Албиол и Игуаин од пенал, а во вториот дел во периодот од 59. до 72.минута голови постигнаа Хамшик, Игуаин и Габиандини. Почесниот гол за Фросиноне беше дело на Самарко.
Неделната програма од 19.коло, во Серија А, целосно им припадна на гостите, кои славеа и на останатите пет средби. Интер загуби од Саусоло со 0:1, голот го постигна Берарди од пенал во 95.минута.
Џенова со головите на Џемаили и Паволети победи во Бергамо кај Атланата. Поранешниот македонски репрезентативец, Горан Пандев, целиот меч го гледаше од клупата за резерви.
Палермо, на „Бентегоди“ во Верона славеше над домашната екипа со голот на Васкез. Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски играше за Палермо до 89.минута, кога беше заменет со Кристијанте.
Масимо Макароне му донесе победа на Емпиони во Торино над истоимениот тим, а еден гол го реши и победникот на натпреварот помеѓу Болоња и Киево.