ПочетнаИНТЕРЕСНОЧетвртолигаш го исфрли Свонси Сити

Четвртолигаш го исфрли Свонси Сити

svonsi-cet

Фудбалерите на Оксфорд Јунајтед го приредија првото поголемо изненадување во средбите од третото коло на англискиот ФА Куп победувајќи го премиерлигашот Свонси Сити со 3-2.

Оксфорд Јунајтед се натпреварува во „Лиџ Ту“, четвртата по квалитет англиска фудбалска лига, но разликата не можеше да се види на теренот.

Гостите поведоа со голот на Џеферсон Монтер во 23 минута, но домаќинот направи пресврт со три гола, а стрелци беа Лим Серкомбе во 45 минута од пенал и на Кемар Руф во 49 и во 59 минута. Велшкиот тим со голот на Бафатмби Гомис во 66 минута се врати средба во неизвесност, но Оксфорд успеа да издржи до крајот и да избори историска победа.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП