12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо грабежот на РФМ украдени базите со стратегијата за претстојното ЕП во...

Во грабежот на РФМ украдени базите со стратегијата за претстојното ЕП во Полска

logo_rfm2-768x535

Според првичните информации со кои располага Ракометната федерација на Македонија (РФМ), засега евидентно, по утврдувањето кражбата во просториите на Федерацијата, е дека недостигаат неколку лаптоп компјутери со обемни бази на податоци од техничко-стратешки карактер, а поврзани со претстојниот настап на националниот тим на Европското првенство во Полска, соопштија во петокот од Федерацијата.

Исто така, при увидот кој траеше и во доцните попладневни часови во петокот за кражбата која била пријавена во петок наутро во 8.30 часот.

„Во ек на финалните подготовки пред заминување во Краков, одземен е и дел од репрезентативната опрема на ракометарите. И покрај ваквите отежнувања на фактичката логистичка состојба, РФМ прави максимални напори за македонската репрезентација да не ги почувствува овие наводно случајни опструкции на свој грб“, се вели во официјалното соопштение на националната ракометна асоцијација.

Според анализата на европската ракометна асоцијација ЕХФ, се констатира дека Групата А во којашто ќе настапи македонската селекција е најтешката на ЕП, бидејќи покрај Франција и Полска, тука се уште Србија и Македонија.

Претходно Министерството за внатрешни работи соопшти дека кражбата е извршена за време на новогодишните и божикните празници, а во простотиите на Федерацијата засега непознати сторители, или сторител, влегле насилно.

Истрагата е во тек, а полицијата засега не дава други поединости.

Македонските репрезентативци по Божикните празници ќе ги продолжат подготовките, а на 10-ти и 11-ти јануари ќе одиграат пријателски натпревари со Црна Гора во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП