5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА го објави тимот на годината

УЕФА го објави тимот на годината

tim od 33

Европската фудбалска унија (УЕФА) го објави идеалниот тим за 2015 година, кој е избран со помош на гласовите на речиси осум милиони луѓе, кои гласале на профилот на Twitter на УЕФА.

Очекувано во идеалната постава доминираат фудбалерите на Барселона, кои во 2015 освоија пет од шесте можни титули. Барса во идеалниот тим има петмина фудбалери, следува Реал со тројца, двајца има Баерн, а еден Јувентус.

Процентуално најмногу гласови добил Меси (70 отсто), а следуваат Давид Алаба (69), Иниеста (63), Нојер (59), додека Кристијано Роналдо добил ‘само’ 41 отсто од гласовите.

Идеалниот тим на УЕФА за 2015, формација 4-3-3:

Нојер (Баерн) – Дани Алвес (Барселона), Рамос (Реал), Пике (Барселона), Давид Алаба (Баерн) – Погба (Јувентус), Иниеста (Барселона), Хамес Родригез (Реал) – Роналдо (Реал), Нејмар (Барселона), Меси (Барселона).

tim 2015-ta 33

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП