2 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПенезиќ: Никој не треба да ни се заканува кога играме дома

Пенезиќ: Никој не треба да ни се заканува кога играме дома

kastra penezic

Ракометарките на Вардар први од македонските екипи ќе стартуваат со натпревари во 2016 година. Вардарки, во сабота, ќе го одиграат првиот натпревар во осминафиналната Група 2 против романскиот тим ЦСМ Букурешт.

Вардар во групата, од претходната фаза, пренесе четири бодови, ЦСМ Букурешт и Ѓер имаат бод повеќе, додека европските шампионки, ракометарките на Будуќност се први со седум бодови. Зад Вардар се Митјиланд со три и Савехоф кој нема ниту еден бод.

Во новоформираната група Вардарки ќе одиграат шест натпревари (по два со ЦСМ Букурешт, Будуќност и Савехов), секој ќе биде од исклучително значење бидејќи ваквиот систем на натпревари не нуди многу можности за исправање на евентуалните киксеви.

„Имавме доволно време за подготовка, Букурешт добро го анализиравме. Добро е што немаме никакви проблеми со повредени ракометарки. Треба да одиграме мирно во текот на сите 60 минути, за 10 минути не се победува тим од рангот на Букурешт. Тактиката е јасна, мора да играме цврсто во одбраната, да ги користиме контранападите, а во нападот да играме мирно“, рече тренерот на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ.

Победа за успешен старт на 2016 посакува и Андреа Пенезиќ, која заедно со Андреа Лекиќ е најдобриот стрелец на тимот во првиот дел од сезоната во ЛШ со 29 голови.

„Букурешт е сериозен тим, очекувам голема борба. Ние добро работевме во паузата, подогтвени сме за борба против квалитениот противник. Целта ни е да забележиме победа. Никој не треба да си игра со нас во нашиот дом“, рече на прес конференцијата Андреа Пенезиќ.

Натпреварот ЖРК Вардар-ЦСМ Букурешт ќе се одигра в сабота од 17:30 часот. Покрај овој дуел во Групата 2 на програмата се натпреварите Ѓер-Будуќност и Митјиланд-Савехоф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП