15 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Реал декласиран во Москва

Евролига: Реал декласиран во Москва

cm rm

Вчера се одиграа првите натпревари од второто коло во Топ 16 фазата, во кошаркарската Евролига. Дербито се одигра во Москва, каде ЦСКА го декласира актуелниот европски првак Реал со 95:81.

Бековската двојка Де Коло-Теодосиќ го носеше рускиот шампион до победата над Реал, овие двајца заедно искомбинираа 51 поен. Де Коло со 28 беше најефикасен на натпреварот, додека Теодосиќ постигна 23 поени. Реал го предводеше Риверс со 23 кошеви.

Лесна победа забележа и Барселона над Химки (87:70). Наваро и Рибас постигнаа по 14, Саторански 13 поени за Каталонците.

Значајна гостинска победа забележа Олимпијакос во Виторија над Лаборал Куча (82:76). Спанулис со 19 и Хантер со 17 поени беа најефикасни во грчкиот тим.

Гостинска победа забележа и Цедевита кај Дарушафака (79:72). Пулен со 25 поени, од кои 19 ги реализира во второто полувреме, беше херојот на загрепскиот тим.

Група Е:

Дарушафака-Цедевита 72:79 (26:19, 13:21, 19:18, 14:21)

Петок:

Локомотив-Анадолу Ефес

Црвена ѕвезда-Фенербахче

Панатинаикос-Уникаха

Група Ф:

ЦСКА Москва-Реал Мадрид 95:81 (22:20, 28:21, 21:23, 24:17)

Лаборал Куча-Олимпијакос 76:82 (18:24, 16:19, 22:19, 20:20)

Барселона-Химки 87:70 (23:16, 26:13, 18:22, 20:19)

Петок:

Бамберг-Жалгирис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП