17 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОФК Работнички се засили со двајца играчи од Хрватска

ФК Работнички се засили со двајца играчи од Хрватска

rab

Хрватите Иван Галиќ и Марко Пушкариќ се нови играчи на ФК Работнички, откако потпишаа тригодишни договори, соопшти клубот на својата официјална интернет страница.

Талентираните млади фудбалери, во Скопје, пристигнаа од хрватскиот второлигаш Лучко, а претходно ги минале сите младински категории на Динамо Загреб, односно Локомотива Загреб.

„Продолжуваме со нашата стратегија за ангажман на млади играчи, со нескриен потенцијал. Се работи за талентирани фудбалери кои ни доаѓаат од Хрватска, па искрено се надеваме дека својот потенцијал, според очекувањата на сите нас, ќе го демонстрираат и во Македонија“, истакна спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.

Марко Пушкариќ е роден на 07.04.1997 година и игра на позицијата – централен напаѓач. Ги минал сите младински категории на Динамо Загреб, а изминативе шест месеци настапуваше за Лучко.

Иван Галиќ, пак, е роден на 09.01.1995 година и е крилен играч. Потекнува од школата на Локомотива Загреб, а последните шест месеци играше за второлигашот Лучко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП