13 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер и Хандановиќ ја продолжија соработката

Интер и Хандановиќ ја продолжија соработката

handanovic 001

Самир Хандановиќ (34) го продолжи договорот со Интер. Лидерот во Серија А, на својата интернет страница, објави дека голманот во клубот ќе остане до јуни 2019-та година.

„Кога постои разбирање од двете страни, тогаш не постојат проблеми“, рекол Хандановиќ, чиј претходен договор истекуваше на крајот од сезоната.

Словенецот, оваа сезона е еден од столбовите на Интер, кој се наоѓа на првото место во Серија А, тој на 17 натпревари во пренството примил само 11 голови.

Хандановиќ, во 2012 година пристигна од Удинезе во Интер и за тимот од „Џузепе Меаца“ има одиграно 125 натпревари. Хандановиќ има 81 настап за репрезентацијата на Словенија, од која се повлече во ноември минатата година, откако не успеа да избори пласман на ЕП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП