5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо го одбил Реал, ја посакувал клупата на Јунајтед

Мурињо го одбил Реал, ја посакувал клупата на Јунајтед

mu real

Жозе Мурињо одбил да се врати во мадридски Реал, бидејќи имал желба по завршувањето на сезоната да го прземе кормилото на Манчестер Јунајтед. Весникот El Pais, објави дека Мурињо бил прв избор на претседателот на Реал, Флорентино Перез, но Португалецот ја одбил понудата, надевајќи дека ќе го наследи Ван Гал на клупата на Јунајтед.

Според весникот, Перез го контактирал Мурињо откако тој доби отказ во Челзи, потоа се случил уште еден разговор помеѓу двете страни, но Португалецот не ја прифатил понудата да се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Одбивањето на понудата од страна на Мурињо била причината зошто Рафа Бенитез ја доби довербата да го води Реал и во декември. Бенитез, во понеделникот сепак доби отказ, откако тимот продолжи да игра во лоша форма и да бележи просечни резултати.

Играчката легенда на Реал, Зинендин Зидан, кој му беше помошник на Карло Анчелоти и го предводеше Б тимот на Реал (Реал Кастиља), е човекот кој го наследи Бенитез.

Кога станува збор за Мурињо, тој беше тренер на Реал три сезони (2010-2013), а последните месеци од неговиот мандат минаа во тензична атмосфера. Португалецот ја загуби довербата во соблекувалната, а директно е одговорен за вжештувањето на односите со големиот ривал Барселона.

Исто така, Мурињо, влезе во директен конфликт со иконата на Реал, Икер Касиљас, чија кариера од тој момент се движи по надолна линија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП